Почина новинарот и граѓански активист, Крешник Ајдини

Познатиот новинар, преведувач, културен работник, активист за граѓанското општество, Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, на својот 55-ти роденден.

Ајдини е еден од основачите и на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Погребот ќе се одржи денеска во Дебар, во 13 часот.

Треба да знаете
Последни објави