Промоција на видео, брошура и постер за убаво однесување со деца со попреченост

Граѓанската организација Пркос денеска ќе одржи промоција на нивниот нов проектм кој содржи триформатен пакет –  видео, брошура и постер, за убаво однесување со децата со попреченост.

Организаторите информираат дека пакетот се состои од 10-минутно видео, во кое преку нарациите на Бистра Поповска, Ева Смилевска и Јане Велковски, надополнети со илустрациите на Ивана Маркоска Докоска, гледачот на духовит и сликовит начин се советува како треба да се однесува во обични ситуации.

– Во брошурата и постерот, десетте практични совети ги систематизиравме концизно за да ви помогнат и за да ве охрабрат како да се запознаете со различните луѓе на каква било возраст и полесно да комуницирате со поинаквите од вас. Откако ќе ги прочитате, веројатно сите ќе се согласиме дека ако ги применуваме, атмосферата ќе биде позитивна и пријатна, велат од „Пркос“. 

Треба да знаете
Последни објави