Ракометарите на германски Магдебург се првите финалисти во Лигата на шампионите откако во полуфиналето во Келн го исфрлија бранителот на титулата Барселона со 40-39 (38-38, 31-31, 16-18).
Магдебург по повеќе од 20 години повторно е во финалето на Лигата на шампионите, а тоа им го донесе голманот Мика Јансен кој го одбрани седмерецот на Лудовик Фабрегас за конечни 40-39.
Тоа беше особено возбудлив и изедначен натпревар во кој Барса во еден момент имаше три гола предност. Во последната минута Алеис Гомез ги доведе Каталонците во водство од 31-30, а продолжението носи гол од „цепелин“ на Холанѓанецот Кеј Смит на пет секунди до крајот.
Во продолжението, Магдебург водеше цело време, но Барса успеа да израмни на 38-38 и мечот отиде на пенали.
Херој на Германците, кои се вратија на фајналфорот по деветгодишно отсуство, е нивниот голман Мика Јенсен, кој ги запре ударите од седум метри на Хампус Ване, Дике Мем и Лудовик Фабрегас и со тоа го одведе Магдебург до финалето, каде што ќе се борат за нивната четврта шампионска титула по 1978, 1981. и во 2002 г.
Кај Германците блескаше Смитс кој постигна десет гола, а во победата придонесе Мишел Дамгард Нилсен со осум гола. Кај Барселона најефикасни беа Тимотеј Н’Гесан со девет и Алеис Гомез со осум гола.
Во второто полуфинале ќе играат ПСЖ-Киелце.