Шкотска славеше на гости кај Норвешка со 2:1 и тоа во меч со пресврт во последните пет минути. Норвешка поведе со голот на Халанд од пенал во 61 минута, но Шкотите не се предадоа.
Интересно е дека Халанд беше заменет во 84 минута, а потоа се случи шок за домаќините. Во 87 минута гостите погодија за 1:1, а само две минути подоцна беше комплетиран пресвртот кога погоди Меклин.
За Шкотска ова е трета победа во третиот меч и со максимални девет бода е лидер во групата во која втора е Шпанија со три бода од две средби. Норвешка остана само на еден освоен бод од три дуели, што значи дека само теоретски останува да се надеваат за борба за едно од првите две места во групата.
Во останатите мечеви кои се играа денеска од квалификациите: Литванија – Бугарија 1:1, Луксембург – Лихтенштајн 2:0, Азербејџан – Естонија 1:1, Црна Гора – Унгарија 0:0.