Две групи мигранти, најверојатно Авганистанци учествувале во меѓусебна престрелка попладнево во шумата Макова кај Суботица недалеку од границата со Унгарија. Српските специјалци излегле на терен, а жителите на околните места се предупредени да не излегуваат од своите домови.
Неофицијално, двајца мигранти се повредени.
Полициските сили се на терен и ги преземаат сите мерки за апсење на сторителите.
Претходно на социјалните мрежи се појавија видео снимки од полициски возила, како и возила на брза помош, кои брзаат низ улиците недалеку од местото на престрелката.
Според мештаните, неколку часа се слушале рафали во зелениот појас на Суботица, каде има неформални шверцерски кампови, а каде што претходно имало вооружени пресметки меѓу спротивставени шверцерски групи.
На луѓето кои живеат во близина на езерото им е кажано да не ги напуштаат своите домови, а полицијата е на терен.
-Престрелката се слуша од езерото Трешеште каде што престојуваме и каде се одржува риболовен натпревар – рекоа луѓето кои се на лице место.