Возачот на автомобилот „фолксваген туран” што претекнувал колона возила при што се судрил со косовско „бмв“ кое по ударот излета од патот и падна во реката Лепенец е уапсен, соопшти МВР.
Несреќата се случила вчера, а денеска уште трае потрагата по тројцата Косовци кои исчезнаа во реката.
-На 17.06.2023 околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „фолксваген туран”, што го управувал Б.Б.(64) од Скопје и автомобил „бмв” со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв”, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември” каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран” Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.