Безживотно човечко тело е забележано во реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, соопшти предмалку Центарот за управување со кризи
Како што велат од ЦУК, полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови, но безуспешно. Поради големиот водостој телото се движи кон Неготино.