Италија ја совлада Холандија за трето место во Лигата на нации

Репрезентацијата на Италија го освои третото место во Лигата на нации, откако славеше со 3-2 против Холандија.

Италија со два гола во првите 20 минути го презема водството против Холандија, а головите ги постигнаа Димарко и Фратези.

Бергвајн ја врати неизвесноста во мечот во 68. минута кога погоди за 1-2, но набрзо Кјеза се запиша во листата на стрелци и зголеми на 3-1 за Италија.

Вегхорст погоди во 82. минута за 2-3, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, по што Вајналдум на истекот на регуларните 90 минути ги постави конечните 2-3.

Треба да знаете
Последни објави