Хаос во Пионир: Кошаркарите на Партизан се повлекоа во соблекувална откако беа гаѓани со предмети

Третиот меч од финалната плејоф-серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан дефинитивно ќе почне со задоцнување, поради хаосот што се случи во „Пионир“ уште при истрчувањето на паркетот на гостинските кошаркари.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ само што почнаа да се загреваат решија да се вратат во соблекувалната, поради канонадата со тврди предмети која беше упатена кон нив, но и поради многуте ласери во публиката со кои беше оневозможено да се подготват за натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави