Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе.
Повеќе од една недела од невремето во Делчево владата се уште нема одобрено помош, уништена е локална патна инфраструктура, голем број домови на граѓаните имаат големи материјални штети, а власта никаде ја нема.
Невреме и големи штети врз инфраструктурата и имотот на граѓаните се случија и во Крива Паланка, Прилеп, Велес, Кавадарци, ниту еден претставник на власта не отиде во ниту една од овие општини, ниту пружи помош.
Власта е целосно дезориентирана, додека работи се што не и е работа, народот мака мачи со работи кои власта треба да ги реши.
Наместо итно свикување на седница на влада и донесување на план, како за финансиска помош, така и за санација, власта е глува на апелите за помош.