Украинските служби за итни случаи објавија слика од пожарникари кои се борат со пожарот во градот Херсон по рускиот напад.
Како резултат на руското гранатирање во Херсон, синоќа беше запален резервоар за гас на една од градските пумпи и складиште на компанијата. На местото на пожарот излегле три технички единици и 15 припадници на државната служба за вонредни состојби, јави јавната државна телевизија Суспилна.
Дописниците од Суспилно исто така известија дека слушнале експлозија. „Гардијан“ наведува дека тоа не е ретка појава, бидејќи руските сили на окупираниот лев брег на Днепар продолжуваат да ги гранатираат украинските позиции на десниот брег – и обратно.
Украинските власти и советници споделија видео снимка од пожарот од Херсон по гранатирањето во кое беа оштетени автобуси и брза помош.
Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на „Твитер“ изјави дека изгореле 10 автобуси и дека е оштетен багерот на спасувачките служби.
Регионот Херсон, чиј главен град е истоимениот град, неодамна беше поплавен откако браната Каховка пукна претходно овој месец. Бројот на жртви продолжува да расте.