Рама ѝ се закани на Србија: Ослободете ги косовските полицајци или ќе ни се заладат односите

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека доколку Србија наскоро не ги ослободи тројцата неодамна уапсени косовски полицајци, тоа ќе значи враќање на заладените односи меѓу Тирана и Белград.

„Колку подолго се држат тројцата полицајци уапсени во Србија, па дури и да ја поминале граничната линија и да не извршиле никакво кривично дело, се намалуваат шансите нашите билатерални односи да не направат неколку чекори назад. Ова може да биде недела на враќање на заладените односи меѓу нас, ако не бидат ослободени“, напиша Рама на Твитер.

Тројца косовски полицајци беа уапсени кога ја преминале административната линија и влегле во централна Србија на 14 јуни.

Треба да знаете
Последни објави