„Ние не ги тераме коморите да дојдат во Александар Палас и да ни аплаудираат за да им вратиме ДДВ, туку тоа се враќа во реална постапка. Ако некој прави паралели тогаш треба да се потсетиме како беше“ изјави вицепремиерот за економски прашња, Фатмир Битиќи воинтервју за МТВ.
Тој ддоаде дека Владата е тука да ги подджри коморите и дека токму на ниво барање се ставија и домашните и странските инвеститори на исто ниво.
„Фондот за поддршка на овие 1000 компании некогаш беше 0, а сега е преку 30 милиони евра.
Можеби имаме одредени неусогласености за брзината на решавање на одредени проблеми, но сепак преку дијалог ги решаваме проблемите“ рече Битиќи.
Вицепремиерот кажа дека минатата година по 25 години беше отворен Законот за царински тарифи, а се отвори и дискусија за даночни реформи, во која беше заклучени дека во моментов нема потреба од промени.
„Дијалогот е клучен за да се најдат одржливи решенија“ рече Битиќи