На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни”, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп.
Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.