Израел е подготвен да одобри илјадници градежни дозволи на Западниот Брег

Израелската Влада ги обелодени плановите за одобрување на илјадници градежни дозволи на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон го гледа како пречка за мирот со Палестинците.

Плановите за одобрување на 4.560 станбени единици во различни области на Западниот Брег се на дневен ред на Врховниот совет за планирање на Израел кој наскоро ќе одржи состанок, иако само 1.332 се за конечно одобрување, додека останатите сè уште минуваат низ процесот на прелиминарно одобрување.

Повеќето земји ги сметаат за нелегални овие населби, изградени на земјиште што Израел го доби во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Нивното присуство е едно од основните прашања во израелско-палестинскиот конфликт.

Откако ја презеде функцијата во јануари, коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху одобри изградба на повеќе од 7.000 нови станбени единици, повеќето од нив на Западниот Брег. 

Треба да знаете
Последни објави