„Телеком Србија“ соопшти дека нивниот вработен Урош Вукашиновиќ (28) утрово бил киднапиран во Лепосавиќ, Косово.
Како што се посочува, Вукашиновиќ е вработен во фирмата ќерка на Телеком Србија на Косово и Метохија, а бил киднапиран утрово околу 07:30 часот, кај Лепосавиќ, додека патувал до работа.
Според досегашните информации, Урош како и секој работен ден, тргнал на работа од својата куќа кај Лепосавиќ, но не дошол на работа, бидејќи бил пресретнат и киднапиран од бел автомобил „фолксваген“ без видливи регистарски ознаки, велат од „Телеком“.
„Засега не се знае каде е однесен Урош Вукашиновиќ и кој го киднапирал, но изразуваме страв дека ова е уште еден напад врз Србите на Косово и Метохија од страна на косовската полиција. Телеком Србија ќе ги преземе сите законски активности за заштита на својот вработен“, се наведува во соопштението на компанијата.