Ја следам пропагандата која што доаѓа од СДС и сум изненаден, затоа што со денови го прозиваат ВМРО-ДПМНЕ зошто ЦДУ не гласала за Резолуцијата. Кога мислите дека го допреле дното, тие ви кажуваат дека сте песимист, требало да сте оптимист, бидејќи можеле подлабоко да одат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Аеродром.
Мицкоски појасни дека оваа Резолуција е степен подолу, како и дека кога сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, ЦДУ беше на власт во Германија имаше многу посилна резолуција, и многу подобар предлог.
– Прво на предлог на ЦДУ во минатото во владата на канцеларката Меркел има многу потврда Резолуција која посилно ги брани македонските идентитетски одредници. Второ ќе ве потсетам и сакам да се знае дека кога Германија претседаваше со ЕУ, во времето кога канцелар беше Меркел и кога ЦДУ беше владејачка партија стигна предлог во кој ниту билатералниот договор беше во преговарачката рамка, ниту пак се отвораше прашањето за македонскиот јазик, а што се однесува до историјата и останатите идентитетски одредници не се ни споменуваа, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски како трето посочи дека според последните мерења на јавното мислење во Германија, очигледно е дека ЦДУ ќе биде победник на следните избори. Се надевам дека нашиот пријател Мерц ќе биде идниот канцелар и ваков тип на обвинување на и одат во прилог на Македонија, додаде тој.
– Така што нека седнат во СДС, нека се консолидираат и нека одберат каква стратешка комуникација градат кон нашите стратешки партнери. Би бил најсреќен да го имаме повторно на маса предлогот на германското претседателство или условно кажано германскиот предлог, нагласи Мицкоски.