Напаѓач отвори оган на паркинг во касарна во Пенсилванија: Уби еден a рани уште еден полицаец

Државната полиција во Пенсилванија идентификуваше еден полицаец кој беше убиен и еден тешко ранет во нападите во саботата од вооружен маж кој упадна во касарната на државната полиција и отвори оган, а подоцна беше убиен по потера и размена на оган.

Со убиството и ранувањето на полицајците, билансот на престрелките минатиот викенд во Пенсилванија се искачи на шест смртни случаи и повеќе од 10 ранети, пренесува АП.

Полицаецот Жак Ружо Јуниор (29) е убиен, а поручникот Џејмс Вагнер (45) е тешко ранет, додека напаѓачот Брендон Стајн (38) од Томпсонтаун побегнал, но бил убиен по потера, соопшти полицијата.

Официјални лица потврдија дека мотивот за нападот сè уште не е јасен, но велат дека Стајн го внел својот пикап на паркингот во касарната Луистаун во округот околу 11 часот во саботата и отворил оган со пушка од голем калибар кон обележаните патролни автомобили, а потоа избегал.

Набргу по пукањето, Стајн бил идентификуван и била организирана потера.

Потполковникот Џорџ Бивенс, заменик-комесар за оперативни активности, кој ја координираше потерата од хеликоптер, рече дека нападот на Стајн изгледал како игра на „мачка и глушец“, наведувајќи дека бегалецот прво повикал 911 на одредена локација, но не почекал и продолжил да трча.

Треба да знаете
Последни објави