Израелските војници убиле тројца Палестинци, вклучително и еден малолетник, а повредиле најмалку 29 во голем вооружен конфликт со екстремисти на улиците на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
Израелската армија соопшти дека војниците наишле на оган за време на апсењето и дека возвратиле.
Како што е наведено, кога безбедносните сили го напуштале градот, воено возило било погодено од експлозивна направа и било оштетено, наведуваат од армијата, додавајќи дека хеликоптер отворил оган врз вооружените лица за да им помогне на војниците да излезат.
Палестинското Министерство ги идентификуваше убиените, меѓу кои и петнаесетгодишно момче, и соопшти дека најмалку шестмина повредени се во тешка состојба.
На аматерска видео снимка, чија автентичност не е потврдена, се гледа како ракети се истрелуваат од израелски хеликоптер во текот на воената операција.
Израелските медиуми јавија дека во конфликтот се повредени повеќе израелски војници.
Насилството трае повеќе од една година, главно на Западниот Брег, каде од почетокот на 2023 година се убиени околу 120 Палестинци.