Екстремно неуреден е просторот околу Триумфалната капија во строгиот центар на Скопје.
Раскопан асфалт, ѓубре и руинирани фасади од некогашна Пелагонија и ЕСМ се секојдневна слика што ја гледаат скопјани но и посетители од други градови и држави.
Да биде иронијата поголема во средиштето на овој хаос поставен е и објект со обележја на Град Скопје што најверојатно треба да биде туристички информативен центар.