Шпанскиот репрезентативец Хесус Навас беше член на три шампионски кампањи на селекцијата од Пиринејскиот полуостров.
Дефанзивецот на Севиља стана првиот играч во историјата кој има титули од Светско и Европско првенство и Лигата на нации.
Синоќа, ветеранот беше дел од составот на Шпанија, кој по изведување на пенали, ја победи Хрватска и го освои троејот во Лигата на нации.
Најдобриот играч на Лига Европа во сезоната зад нас го освои Светското првенство со Шпанија во 2010 година, а потоа и Европското првенство две години подоцна. На нов успех чекаше 11 години.
Навас се врати во репрезентацијата откако Луис де ла Фуенте стана селектор.