Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар.
Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464%, кај дизелот има зголемување за 1,323%, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415% и кај мазутот зголемувањето е за 2,623%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819%