Следните денови стабилно и топло време, за викендот локален дожд, грмежи и засилен ветер

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само в среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре времето ќе биде стабилно и значително потопло. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени Целзиусови.

За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Треба да знаете
Последни објави