Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите

Владата на Република Северна Македонија со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите.

Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното препријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите.

Треба да знаете
Последни објави