Општина Аеродром денеска исече неколку дрвја во близина на „Мајчин дом“, каде, како што најавија од општината пред три месеци, се гради паркиралиште.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/IMG-20230620-WA0000-768x1024.jpg)
Станува збор за паркинг простор на површина од 1300 метри квадратни и капацитет за паркирање на 60 возила.
Од општината тога најавија асфалтирање на паркинг просторот, уредување на зеленилото и партерно уредување на околниот простор.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/IMG-20230620-WA0002-768x1024.jpg)