Киев во преговори со западните производители на оружје за производство во Украина

Киев е во преговори со западните производители на оружје за зголемување на производството, вклучително и во самата Украина, и би можел да потпише договори во наредните месеци, изјави заменик министерот за стратешка индустрија на Украина, Серхи Бојев.

Од руската инвазија во Украина минатата година, Киев се обидува да обезбеди оружје, од муниција до ракетни фрлачи и проектили.

Земјата доби поддршка од земји како што се САД, Германија и Велика Британија, а Бојев изјави дека Киев преговара со производители од Германија, Италија, Франција и Источна Европа за нивното производство на оружје во земјата.

Во мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека земјата работи со британската одбранбена компанија „BAE Systems“ за да формира украинска база која ќе произведува и ќе поправа оружје, од тенкови до артилерија. Договорот се уште не е потпишан.

Во Париз, Бојев се сретна со производители на дронови, од големи меѓународни одбранбени компании до мали добавувачи. Тој одби да каже со кои компании се сретнал, но посочи дека зборуваат за различни нивоа на соработка и оти некои од нив се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат дронови.

Висок извор од европската одбранбена индустрија, рече дека европските правила и стандарди околу тестирањето на беспилотни летала може да им отежнат на компаниите да се согласат да произведуваат и тестираат дронови во Украина.

Но, Бојев се надева дека земјата може да привлече странски производители на дронови и рече дека украинската Влада може да понуди значителна поддршка. 

Треба да знаете
Последни објави