Македонските екипи ги дознаа противниците во воведното квалификациско коло во Лигата на конференции

Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа одредени двојките за првото квалификациско коло во Лигата на конференции во кое ќе настапат Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Шкендија.

Освојувачот на Купот, Македонија ЃП, за противник во воведното квалификациско коло го доби летонски РФС и на првиот натпревар на 13 јули ќе биде домаќин, додека реваншот ќе се игра една недела подоцна во Рига.

Фудбалерите на Шкендија за пласман во второто квалификациско коло ќе треба да бидат поуспешни од Хаверфортвест од Велс, а првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен.

Противник на Шкупи во првото квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе биде латвиски Хагелман Литауен. Македонскиот претставник ќе гостува на првиот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави