Шок бомба била фрлена пред угостителски објект во Косовска Митровица каде седеле пратениците од опозицијата Александар Јовановиќ Ќута, Данијела Несторовиќ и Мирослав Алексиќ.
Тие седеле во кафулето на хотелот ББ во тој град, кога се случил инцидентот, пишува Н1.
Опозициските претставници Мирослав Алексиќ и Александар Јовановиќ Ќута денеска беа во Звечан каде, како што велат, дошле да им дадат поддршка на косовските Срби.
Тие посочија дека е последен момент да се реши проблемот на северот на Косово. Додека тие зборуваа, се слушаа извици на неодобрување од неколкумина собрани.