Натепаниот Кадриески се враќа во Струга за да се бори за Бугарите, нема привилегии како што доби Пендиков

Натепаниот копретседател на бугарското здружение во Струга, Бекир Кадриески е во добра состојба. Тој со канила на раката, се сликаше со Виктор Стојанов, основач на фондација во земјава, кој има забрана за влез во Македонија. Кадриески делувајќи како Христијан Пендиков, а ставајќи етничка етикета на тепачката, доби лекување во Бугарија, но не и живеалиште, државјанство, обезбедување како што претходно беше случај. Тој ќе се врати во Македонија, најави Стојанов.

dobivaj vesti na viber

„Бекир Кадриески е добро и наскоро ќе се врати во Северна Македонија за да ја продолжи борбата за човековите права на Бугарите во Македонија“, напиша Стојанов, кој потоа додаде: Напаѓачот на Бекир Кадриески не е обвинет за тепањето што му го нанел и е во бегство. Ова е државата Северна Македонија. Нема да има правична истрага, како што бара Министерството за надворешни работи на Бугарија“.

На оваа тепачка и се стави етнички предзнак по изјавата на Кадриески дека бил навреден од страна на тепачот. МВР соопшти дека станува збор само за нарушување на јавниот ред и мир и дека нема дело, но ќе има соодветен поднесок. Од бугарските власти дојде осуда и барање за правична истрага.

Кадриески бараше лекување во Бугарија, како што претходно тоа го направи Пендиков. Тврдеше дека се сомнева оти во Македонија ќе биде лекуван како што треба. Бугарските власти му го овозможија и беше транспортиран. Стигна и известување дека е во стабилна состојба, без тешки повреди. За разлика од Пендиков кој доби обезбедување, стан, државјанство – Кадриески ќе се врати без вакви привилегии.

Инаку, Стојанов, објавувачот на веста за враќањето на Кадриески, има забрана за влез во Македонија. Тој заедно со други бугарски политичари е на црната листа на нашата земја и беше вратен од граница.

Треба да знаете
Последни објави