Саутгејт очекувал поинаква Македонија

Англија, вчера направи уште еден чекор кон пласманот на ЕУРО 2024. Англичаните славеа и во четвртиот натпревар и со 12 бода ја предводат Ц-групата.

На „Олд Трафорд“, Англија ја декласира Македонија со 7:0. Натпреварот засекогаш ќе го памети Букајо Сака. Напаѓачот на Арсенал постигна хет-трик.

Поразот во Манчестер е најубедливиот во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Од лошото издание на избраниците на селекторот Благоја Милевски, изненаден бил и предводникот на Англија, Герет Саутгејт.

„Искрено, не очекувавме ваква Македонија. Знам дека можат да одиграат подобро. Мислам дека ние не им дозволивме да одиграат подобро. Пресреќен сум поради момците, за Сака, Кејн, и сите останати“, изјави Саутгејт по убедливиот триумф.

Треба да знаете
Последни објави