Општина Ѓорче Петров денеска го потпиша договорот за изградба на фекален колектор во с. Орман кој ќе го изведува „Вардар градба“ ДООЕЛ Скопје.
Во рок од 3 месеци, жителите на ова населено место ќе добијат целосно нов систем за третман на фекалните води.
Колекторот е проектиран да биде во должина од 633 метри ќе ги прифаќа отпадните води од фекалната канализациона мрежа во Орман и ќе ги спроведува до станица за третман на отпадни води со големина од 1.200 еквивалент жители.
Средствата ги обезбедува Европска Унија, преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Косово и Министерство за локална самоуправа, а кофинансира и општина Ѓорче Петров.
Со овој значаен проект, но и со изградбата на новата канализациона мрежа во овој дел на Ѓорче Петров, решаваме долгогодишен проблем на тамошните жители, но и конечно го урбанизираме селото Орман како што граѓаните заслужуваат.