Грција останува силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан и 20 години по Солунската декларација

Грција останува силен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан, бидејќи верува дека интеграцијата на целиот регион во ЕУ е во интерес на Европа, соопштија од кабинетот на службениот грчки премиер Јоанис Сармас по повод 20 годишнината од, како што велат „историската Декларација од Солун“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението потсетуваат дека на 21 јуни 2003 година, за време на грчкото претседавање со Советот на Европската унија, беше прифатена Декларацијата, според која „иднината на Балканот е во рамките на Европската унија“.

– Декларацијата од Солун го отвори патот за интеграција на повеќе земји од регионот во Европската унија и продолжува да биде камен-темелник за идното пристапување на други земји. Грција оттогаш остана цврст поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан, бидејќи верува дека целосната интеграција на целиот регион во Европската унија е во најдобар интерес на Европа, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. 

Треба да знаете
Последни објави