На северот на Чешка, 21 лице е повредено при судар на патнички воз со камион, соопштија денеска властите.
Државната агенција за спасување, соопшти дека девет патници во возот се здобиле со малку посериозни, а 12 со полесни повреди.
Полицијата соопшти дека меѓу 65-те патници имало и 19 ученици.
Несреќата се случила попладнево во близина на градот Либерец, а истрагата за причините е во тек, јавува „Н1“.