Косовската полиција го уапсила Драгиша Миленковиќ од околината на Грачаница под обвинение за воени злосторства, потврдија за РТС од семејството на уапсениот.
Велат дека при апсењето полицајците биле насилни, а припадниците на специјалните единици упаднале во неговиот двор околу пладне.
„Го блокираа целиот простор и не дозволуваа никој да се приближи, а потоа го извадија Миленковиќ“, јавува дописникот на РТС.
На семејството му било објаснето дека Миленковиќ е уапсен за воени злосторства врз Албанци кои наводно ги малтретирал додека работел како чувар во затворот во Липлан.
Пред куќата на семејството Миленковиќ по апсењето се собраа вознемирени соседи и мештани.
Сопругата на Драгиша Миленковиќ поради шокот кој го доживеала е пренесена во болница.
Уапсениот Миленковиќ е татко на три деца, информираат српските медиуми.