Англискиот премиерлигаш Арсенал ги договорил условите за трансферот на Каи Хаверц од Челси. Раководството на „топчиите“ за трансферот ќе плати 65 милиони фунти, а германскиот репрезентативец претходно ги договори личните услови.
Како што информираат медиумите на Островот, Арсенал ќе плати 62 милиони фунти, и дополнителни три милиони преку бонуси.
Претходно, интерес за Каи Хаверц појави и Реал Мадрид, но се откажа откако Челси побара голема отштета за реализација на трансферот.