ВМРО-ДПМНЕ: Шамар за владата на СДС и ДУИ, САД го стави Рамиз Мерко и целото семејство на црната листа поради вмешаност во криминал и корупција

Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови.

Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ  е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД.

Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.

САД нотира дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди.

САД нотира дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери дел од криминалната коалиција СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери.

Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД.

Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат. 

Потребна е одговорност.

Треба да знаете
Последни објави