Дебата за доживотното учење во Даут Пашин амам

 Во просториите на Даут Пашин амам Скопје вечерва од 18 часот ќе се одржи настанот „Учењето нешто ново секој ден и секојдневното живеење, одат заедно“ во организација на Europe House Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Како што информираат од Europe House, настанот има за цел да поттикне дебата за доживотното учење и развој на вештини, поттикнувајќи вмрежување меѓу младите, институциите, невладините организации и академските институции.

– Целта на овој настан е да се истакне потребата од зајакнување на конкурентноста на работната сила и промовирање на повеќе инвестиции во обуки и усовршување, особено во по модерните области како што се дигиталните вештини, стои во соопштението.
 
Дополнуваат дека оваа иницијатива особено ќе се фокусира врз активирање на повеќе жени, млади и ранливи групи на пазарот на труд. 

Треба да знаете
Последни објави