Заедно со СДММ и по иницијативи на младите досега спроведовме низа клучни проекти кои го подобруваат животот на сите наши млади, рече денеска на младинска трибина во Скопје, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, набројувајќи дел од клучните мерки и проекти коишто се реализирани.
-Заедно успеавме да ги покачиме студентските стипендии, во некои категории над 80% и сега изнесуваат 6.600 денари. За првпат после една деценија воведовме стипендии за втор циклус од 9.000 денари и трет циклус од 18.000 денари за дефицитарни струки. Заедно со младите и студентите обезбедивме за прв пат мерка: субвенциониран студентски оброк од 2.700 денари во просек со којшто се опфатени 40.000 редовни студенти. Обезбедивме младински додаток од 3.000 денари на плата за млади во производствен процес, посочи Ковачевски.
Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади, додаде Ковачевски.
-Ја воведовме Младинската гаранција – прва држава надвор од ЕУ со можност за пракса, вработување, или преквалификација. Само изминатата година над 20.000 млади невработени лица ги вклучивме преку Гаранција за млади. Од кога ја воведовме до денеска над 80.000 млади се вклучени. Обезбедивме грантови за самовработување за млади: 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма. Со мерката за самовработување само оваа година шанса за работа добиваат 2.078 невработени лица. Грантови за млад земјоделец од 10 000 евра. Ова не е направено преку ноќ, станува збор за долгогодишна посветена работа и упорност, потенцираше Ковачевски.
Поставивме пример на сите други партии кога е во прашање младинската застапеност во партиски органи, на листите за советници и пратеници. Затоа што многу се партиски подмладоци, но само една е Младина. Нека заедничката цел бице поттик за поголем ангажман, кажа Ковачевски
-Нека ова заедничка цел, членството во ЕУ биде замаецот, новиот поттик да продолжите уште повеќе да се ангажирате за иднината на државата, за иднината на младите, за генерациоскиот сон да бидеме рамо до рамо со европските народи, рече Димитар Ковачевски на партиската младинска трибина во Скопје, „Младина, иднина, Европа” во организација на СДММ.