Девојка од Тетовско лажела дека е силувана, прегледот покажал дека се самоповредила, доби кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с.Џепчиште.

После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело.

Треба да знаете
Последни објави