Матео Ковачиќ доаѓа на „Етихад“

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ е нов играч на Манчестер Сити, објави Фабрицио Романо, најпознатиот светски стручњак за трансфери. Според Романо, Ковачиќ одамна се договорил за личните услови со Сити и нема никакви пречки, а сега е постигнат договор меѓу клубовите.

Шампионот на Англија и на Европа за хрватскиот играч за врска ќе плати 35 милиони евра, од 30 милиони евра како фиксно обесштетување, а пет милиони евра преку бонуси.

Ковачиќ пристигна во Челси во 2019 година од Реал Мадрид за 45 милиони евра. За лондонскиот клуб одигра најмногу натпревари во кариерата, дури 221. Притоа, постигна шест гола и асистираше 15 пати. Претходно играше за Реал Мадрид, Интер и за Динамо Загреб.

Треба да знаете
Последни објави