Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија.

На презентацијата на новите оклопни возила на Армијата ќе присуствуваат и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

По обраќањата, како што соопшти Министерството за одбрана, предвидено е да се реализира и кратка показна вежба со овие нови и софистицирани оклопни возила на Армијата. Досега, во два наврати пристигнати се вкупно 32 возила од овој тип. 

Треба да знаете
Последни објави