Се урна унгарски воен хеликоптер во Хрватска, има загинати

Воен хеликоптер падна во кањонот на реката Чикола, во близина на Шибеник, Хрватска. Хеликоптерот и две тела се пронајдени, а потрагата по третиот член на екипажот е во тек.

Станува збор за хеликоптер на унгарските вооружени сили кој е на обука во Хрватска. Шефот на ХГСС Јосип Брозичевиќ  потврди дека на камерите за гаснење пожар се гледа чад.

Хеликоптерот се урнал меѓу селото Пакова и Миљевац.

Хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватските воздухопловни сили се вклучени во потрагата по воениот хеликоптер.

Не станува збор за хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска , соопшти Министерството за одбрана на оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави