Гундоган си замина од Сити без отштета, во Барса му одредија откупна клаузула од 500 милиони евра

Манчестер Сити е без капитен. Илкај Гундоган реши да го напушти клубот во кој ги мина последните седум години и по истекот на договорот реши да ја промени средината и среќата да ја најде во Барселона. Веста на својот профил ја сподели Фабрицио Романо.

„Мундо Депортиво“ тврди дека играчот веќе ги завршил медицинските прегледи во Германија пред неговата претстојна преселба во Каталонија. Резултатите од лекарските прегледи сега ќе бидат испратени до клубот кој мора да ги потврди пред да даде зелено светло за завршување на операцијата.

Шампионот на Ла Лига ќе му даде тригодишен договор, иако некои извори сугерираат дека тоа би можело да биде двегодишен договор со опција за дополнителни дванаесет месеци. Истиот извор пишува дека договорот ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра.

Гундоган за Сити одигра 304 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 60 голови и 40 асистенции. Тој се прости од Сити освојувајќи ја тројната круна со капитенската лента околу раката.

Навивачите никогаш нема да ја заборават неговата херојска игра во последното коло од минатата сезона. Пред последното коло Манчестер Сити имаше бод повеќе од Ливерпул и сам си ја реши судбината. Вила поведе со 2:0 на „Етихад“, отворајќи им можност на „црвените“ да ја освојат титулата со победата против Вулверхемптон. Сепак, Гундоган најпрвин погоди за 2:1, а потоа во 83. за целосен пресврт (3:2) и нов трофеј на „Етихад“.

Во Манчестер изгледа се подготвија за заминување на германскиот репрезентативец. Од Челзи за 35 милиони евра пристигна Матео Ковачиќ кој ќе го пополни неговото место на теренот.

Треба да знаете
Последни објави