Оли Рен ќе се кандидира за претседател на Финска

Гувернерот на централната банка на Финска, Оли Рен, најави дека има намера да се кандидира за претседател на својата земја следната година, јавија британските медиуми.

Шеесет и едногодишниот Рен, кој е и член на Управниот совет на Европската централна банка, појасни дека доколку му биде одобрена кандидатурата, тој ќе замине на одмор и нема да учествува во изборната кампања како службено лице.

Пред да влезе во претседателската трка, неговата кандидатура мора да собере 20.000 потписи.

-Ако, се надевам, бидам номиниран за претседателски кандидат, ќе се пријавам за отсуство, рече Рен на прес-конференција.

Пека Хависто, кој од вчера повеќе не е министер за надворешни работи на Финска по инаугурацијата на новата влада, неодамна најави и дека ќе се кандидира за претседател.

Според финскиот Устав, една од главните овластувања на финскиот претседател е во надворешната политика и безбедносната политика.

Во април, Хелсинки го смени својот традиционален надворешнополитички курс на неутралност и се приклучи на НАТО. Причината за радикалната промена беше руската инвазија на Украина.

Треба да знаете
Последни објави