Северна Кореја: Посетата на Блинкен на Кина е „просјачко патување“

Северна Кореја посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина ја оцени како „просјачко патување“ со цел да се намалат тензиите.

Севернокорејскиот аналитичар за меѓународни односи Јонг Јонг-хак изјави дека целта на посетата на Блинкен била „да моли за смирување на тензиите“ бидејќи „обидот за притисок и задржување на Кина би можело да стане бумеранг, кој би бил смртоносен удар за американската економија“.

– Неодамнешното патување на американскиот државен секретар не може да се оцени поинаку освен како срамно просјачко патување, со што се признава неуспехот на политиката на притисок врз Кина, истакнува Јонг.

Тој за ескалација на регионалните тензии ги обвини САД.

– Врвот на двојната игра и дрскоста карактеристични за САД е прво да провоцираат, а потоа да зборуваат за така наречената одговорна контрола над разликите во мислењата, оцени Јонг.

Блинкен по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг го повика Пекинг да ја поттикне Северна Кореја да престане со лансирање проектили, бидејќи „Кина има единствена позиција да изврши притисок врз Пјонгјанг да се вклучи во дијалогот“.

Треба да знаете
Последни објави