Шаќири: Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците

Се прават сите подготовки на 1рви септември навремено да бидат доставени учебниците, истакна денеска министерот за озбразование и наука, Јетон Шаќири.

На новинарско прашање, зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение, Шаќири рече дека наставните програми за шесто одделение се доставени навреме во март до МОН, некои од предметите и во април.

-Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември минатата година. За трето одделение сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме 1 септември. Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Што се однесува за предметот географија за седмо и за деветто одделение мислам дека системот веќе се отвори и веќе за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата ние ќе доставиме учебници, рече Шаќири на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.

Министерот соопшти дека во тек е крупна реформа во основното образование, каде етапно се изработуваат нови наставни програми, нови учебници по сите предмети. Посочи дека интегрираат предмети за, како што рече, да можат учениците полесно и преку повеќе аспекти да ја совладуваат нивната материја. 

Директорот на Бирото за развој на образование (БРО) Зеќирија Хасипи истакна дека не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, поради тоа што голем дел од учениците добија учебници на неколку недели пред крајот на учебната година 2022/2023.

На новинарски прашања за тоа дали ќе доцнат учебниците во новата учебна година, Хасипи рече дека за изработка на наставни програми има процедури и правилници и според тие процедури, од Бирото постапиле навремено.

-Откако се изработени работните групи повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгледување евентуални пропусти. Откако сме ја изработиле конечната верзија, тогаш сме ја доставиле, можеби не сите програми одеднаш, но поедничено, по една, два програми до Министерството за образование и наука (МОН). Мислам дека во средина на март ги доставивме програмите. Ако постапката за печатење за учебници оди по сите прописи, жалбени постапки, мислам дека во септември ќе има учебници, рече Хасипи.

Треба да знаете
Последни објави