МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: поддршка за протестот на МПЦ ОА

Во врска повикот на мирен протест од страна на МПЦ – ОА, кој треба да се одржи во Скопје пред Соборен Храм на 29.06.2023 година, Извршниот Тим на политичката партија Македонски Концепт донесе одлука за целосна поддршка на истиот, вклучително и поддршка за аргументите кои МПЦ – ОА ги посочува во врска со обидот да се донесе новиот Закон за родова еднаквост.

Македонски Концепт дополнително реагира на најновите измени во Законот за матична евиденција со кои се интервенира во содржината на Изводот од матичната книга на родените, во која преку внесување на етничка припадност на граѓаните, во целост се суспендира граѓанскиот концепт на нашата држава, се воведува хибриден тип на етничка држава, која треба да прерасне во бинационална вештачка творба со тенденција на нејзино распаѓање.   

За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест.

Треба да знаете
Последни објави