СВР Скопје– Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против С.А.(30) од Република Турција, со живеалиште во с.Пагаруша, општина Студеничани.
Тој е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 186 од Кривичниот законик. На 24.12.2022 околу 03.30 часот на ул.„Кирил и Методиј” во Скопје физички нападнал 24-годишна скопјанка, ја допирал по телото и се самозадоволувал.
По преземени мерки, било утврдено дека тој е извршителот и на 21.06.2023 тој бил лишен од слобода и по брза постапка против него е поднесена кривична пријава, по што е предаден на надлежен обвинител.