Да Силва: ЕУ треба да се откаже од протекционизмот ако сака трговски договор со Меркосур

Европска Унија треба да се откаже од протекционизмот доколку сака трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур, најави денеска претседателот на Бразил, Лула да Силва на прес-конференција во Рим.

– Дополнителното писмо што ЕУ го испрати до Меркосур е неприфатливо, бидејќи тие ја казнуваат секоја земја што не е во согласност со Парискиот договор за климатски промени, а не го почитуваат ниту тој договор, посочи Да Силва.

Тој додаде дека ЕУ мора да биде „поскромна“ и да покаже „поголема чувствителност“.

ЕУ и блокот Меркосур – Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, ги завршија преговорите во 2019 година, но договорот беше во мирување поради загриженоста за уништувањето на шумите во Амазон и посветеноста на Бразил на акција за климатските промени.

Да Силва следно ќе отпатува за Франција и се очекува да се сретне со претседателот Емануел Макрон.

Треба да знаете
Последни објави