Децата на Пит и Џоли ја молат да ја прекине немилосрдната борба за старателство

Бред Пит и Анџелина Џоли се борат да постигнат спогодба по разводот повеќе од седум години.

Разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли беше прилично горчлив и долг, а нивните деца сакаат тие да ја прекинат судската битката за старателство и да се договорат бидејќи тековната ситуација премногу го оптеретува нивното семејство.

Џоли првично поднесе барање за развод во 2016 година и парот не може да ја финализира спогодбата бидејќи се чини дека секој од нив секогаш има некоја причина за тужба.

„Радар-онлајн“ цитира инсајдер, кој тврди: „Војната е далеку од завршена, Енџи не може да се воздржи. Таа сè уште сака да се одмазди за улогата на Бред во уништувањето на нивниот брак.“

Изворот објасни: „Во меѓувреме, тој беше трезен и многу појасно гледа на тоа каде згрешиле и двајцата, па повеќе одбива да се повлече. Доста му е, и нема намера да потклекне и да ѝ даде на Анџелина сè што сака.“

Кога ја започнаа правната борба, централниот дел на спорот беше старателството над нивните 6 деца, оттогаш тие пораснаа, некои станаа полнолетни да донесат свои одлуки, Медокс има 21, Пакс 19 и Захара 18, додека Шајло има 17 години, а близнаците Нокс и Вивиен 14.

Изворот тврди дека Анџелина не сака да се откаже од битката за целосно старателство, но децата растат, па дури и ѝ велат на мајка си дека е време да престане.

„Во меѓувреме, децата се добро со Бред. Можеби со исклучок на Медокс, сите го сакаат,“ вели изворот.

Треба да знаете
Последни објави